Во „крајслер“ пронајдени 12 мигранти од Бангладеш, приведени двajца радовишани

70

На автопатот Скопје-Велес изутрината околу три часот полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграција во патничко моторно возило „крајслер“  пронашле 12 мигранти, на возраст од 23 до 48 години, од кои 11 од Бангладеш и еден од Пакистан.

Како што соопшти денеска МВР од страна на полицијата бил запрен „крајслер“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(25), во кое сопатник бил малолетник, и двајцата од Радовиш.

При преглед на возилото биле пронајдени 12-те мигранти, по што Ф.И. и сопатникот биле приведени во Полициска станица Велес, а известен е и јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...