Османи: Пристапните преговори може да почнат веднаш

289

Спремни сме за предизвикот кој го носат пристапните преговори. Тие може да почнат веднаш, рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на седницата на Националниот совет за евроинтеграции.

Во обраќањето Османи реферираше за текот на транспонирањето на европското законодавство, при што пред присутните објасни детално до каде е процесот и што ја очекува земјава откако ќе ги започне преговорите со Унијата, а ја презентираше и преговарачката структура чие воспоставување е веќе финализирано.

– После две децении во процесот на европска интеграција, РСМ конечно  ќе премине во долго очекуваната фаза на преговори која претставува не награда туку валоризација на се она што го постигнавме заедно, особено реформите кои беа спроведени со консензус и на партиите на власт и на тие во опозиција. Со тоа им покажавме и на граѓаните и на нашите меѓународни партнери дека европската интеграција е стратешка определба во која сите веруваме и за чие што остварување сите придонесуваме – рече Османи, и посочи дека верува дека на октомврискиот самит земјите-членки ќе донесат одлука која ќе даде импулс за натамошен напредок на земјава, импулс кој ќе има позитивно влијание и врз останатите процеси во регионот, а ќе претставува и позитивен придонес во создавањето постабилна, побезбедна и кредибилна Европска Унија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...