Заев: Бугарија искрено сака да нѐ поддржи и има обврска со Договорот

82

Премиерот Зоран Заев очекува дека Бугарија ќе покаже конкретна поддршка во Совет за општи работи и во Европскиот совет затоа што, како што рече, тие искрено сакаат да нѐ поддржат и имаат обврска со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Тој смета дека нивната намера е да го градиме пријателството во нагорна линија.

– Бугарија е еден од најголемите пријатели на Република Северна Македонија. Кога политичарите имаат избори се може да се случи, но тоа секако не го намалува нашето пријателство. Нормално, тие очекуваат да се постигне повеќе во имплемнтацијата на Договорот што го постигнавме. Кога го потпишавме Договорот, кога заедно прифативме дека заеднички ја делиме нашата историјата, секако ние имаме сопствена историја, но дел од оваа историја ја споделуваме. Имајќи го тоа предвид, се согласивме прифаќајки го тоа, тие ја презедоа овбрската да не подржат во ЕУ и НАТО интегративните процеси – изјави Заев на конференцијата на почесни конзули на Република Северна Македонија акредитирани во странство, во организација на Министерството за надворешни работи.

Заев потсети дека Бугарија беше една од првите држави што го ратификуваше договорот за пристапување кон НАТО.

– И сега очекувам тие да бидат една од оние земји кои ќе се залагаат повеќе за нас, повеќе од другите земји во Европскиот совет. Преку овој Договор се досега најдовме решение за шест историски личности и четири историски периоди сега доаѓа петиот период и не е лесно за петтиот период но тоа не значи дека нема да најдеме решение – рече Зав пред почесните конзулите во МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...