Апелација ја врати гаранцијата на Катица Јанева во Кривичен на повторно одлучување

385

Кривичен совет ќе треба да решава за гаранцијата која ја понуди Катица Јанева за да излезе од затворот во Шуто Оризари.

Одбраната на Јанева првично понуди гаранција во имот дека таа нема да избега, но ваквто барање беше одбиено, по што адвокатите поднесоа жалби до Апелацискиот суд.

Од Апелација, како што потврдуваат за Плусинфо, го укинале решението на Основниот кривичен суд со кое се одбива гаранцијата бидејќи ставот на второстепениот суд е дека Кривичен не требало да го отфрли барањето туку требало мериторно да ги разгледува околностите дали е основано барањето, па потоа да го одбие или прифати.

Ова не значи дека Јанева излегува од притвор, туку дека решението е вратено во основниот суд на повторно разгледување, но сега наместо судија на претходна постапка ќе го разгледува Кривичен совет во овој суд бидејќи во меѓувреме за случајот „Рекет“ каде е обвинета Јанева, се поднесе обвинение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...