Затвореник од затворот во Идризово пред околу два часа им избегал на двајца затворски чувари кои го превезувале од Клиничкиот центар кон затворот.
Бегството се случило кога за време на трансферот чуварите застанале во близина на бензинска станица во населбата Автокоманда. Засега нема информации кој сѐ е вмешан во бегството, но ќе се испитува и каква била улогата на чуварите.
Според нашите информации чуварите кои се дел од затворската служба пријавиле дека им избегал затвореник кога се вратиле во затворот.
МВР го регистрирало случајот и веднаш излегле на терен за да го бараат избеганиот затвореник и да го расчистат случајот.