Американскиот актер Мигел Сервантес и сопругата Кели доживеале една од најголемите животни трагедии – смртта на дете.
Тригодишната Аделаид Грејс починала минатата недела, а тажната вест ја потврдила Кели на Инстаграм со срцепарателна црно-бела фотографија од нејзината соба.
„Апаратите се исклучени. Нејзината креветчето е празно. Тишината е заглушувачка. Аделаид Грејс нè напушти во неделата наутро. Таа замина во мир, во моите раце, опкружена со љубов. Конечно се ослободи од болката и нападите, но нашите срца се скршени. Те сакаме неописливо“, напишала неутешната мајка.
Објавата ја споделил и Мигуел, а на брачниот пар обожавателите му пратиле многубројни пораки со сочувство.
Малата Аделаид со епилептични напади се борела од седмиот месец од животот, а Кели за тоа искрено пишувала на својот блог.
FOTO: Instagram/Printskrin