Момче на возраст од 26-години вчера утрото паднало од карпа додека со група планинари се искачувале на врвот Илинден.
По падот, младиот планинар со хеликоптер на МВР бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Момчето е од Битола, а со него планинареле уште двајца негови сограѓани и по едно лице од Новаци, Кавадарци и Неготино.