Двајца мажи пиеле заедно, па едниот сакал да го убие другиот

783

Велешкото обвинителство гони маж од Богданци за обид за убиство за што отвори истрага и побара притвор за осомничениот.

Станува збор за 60-годишен маж во чија куќа на 11 октомври околу 16 часот дошла жртвата и заедно почнале да пијат алкохол. По повеќе од четири часа пиење, се случил нападот.

„Околу 20.30 часот осомничениот го нападнал оштетениот со тупаница, удирајќи го во пределот на главата. Откако оштетениот паднал на земја, осомничениот зел дрвен стол и со истиот неколкупати го удрил оштетениот во пределот на главата, причинувајќи му интензивни болки и страдања, со што му нанесол тешки телесни повреди и го довел во  животно загрозувачка состојба“, соопштија од обвинителството.

По извршеното тестирање, во крвта на осомничениот биле регистрирани 2,97 проценти алкохол.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...