Џенифер Лопез поради една фотографија ќе остане без илјадници долари

Агенцијата бара 150.000 долари, и забрана Лопец повторно да ја објави спорната фотографија. 

1725

Пејачката и актерка Џенифер Лопез (50) може да се најде во проблеми. Фотоагенцијата „Splash News and Picture Agency“ одлучила да ја тужи Лопез за кршење на авторските права. Сè започнало пред две години, кога Џенифер на Инстаграм објавила една од фотографиите на агенцијата без дозвола.

Странските медиуми пишуваат дека станува збор за фотографија на која Лопез и свршеникот Алекс Родригез (44) шетаат по улиците на Њујорк. Според тужбата поднесена во американскиот сојузен суд во Калифорнија, пејачката никогаш не ја добила дозволата на агенцијата да ја објави фотографијата.

„Обвинителот никогаш не му дал на тужениот фотографија за користење. И покрај тоа, Лопез ја објави фотографијата без дозвола на обвинителот. Лопез или некој што објавува на нејзиниот профил ја копирал фотографијата и ја објавил на нејзиниот профил @jlo, на Instagram Story, 7 ноември 2017 година“, пишува во тужбата.

Бидејќи поминаа речиси две години, агенцијата во тужбата навела дека ги предупредила Џенифер и нејзините менаџери за кршење на авторските права уште во декември 2017 година, но тие не ја сфатиле сериозно.

– Во времето кога Лопез ја копираше и дистрибуираше фотографијата, знаеше или требало да знае дека нема овластување ниту дозвола да го направи тоа. Бидејќи на својот профил има 100 милиони следбеници, нејзината неовластена употреба на фотографијата му наштети на постоечката и идната трговија со оригиналната фотографија – тврдат тие.

Агенцијата бара 150.000 долари, и забрана Лопец повторно да ја објави спорната фотографија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...