Независниот кандидат Каис Саед освои повеќе од 72 отсто од гласовите на вчерашниот втор круг од претседателските избори во Тунис, покажаа излезните анкети.
Неговиот проитвкандидат, медиумскиот магнат Набил Карои освои 27,4 проценти од гласовите.
Граѓаните на Тунис вчера гласаа за вториот избран претседател на земјата од револуцијата во 2011 година. Повеќе од седум милиони Тунижани имаа право на глас.
Карои, кој е во затвор поради обвиненија за перење пари и неплаќање данок, минатата недела беше пуштен на слобода под притисок од јавноста за да се обезбеди фер кампања.
Каис Саед, кој освои најмногу гласови во првиот круг, познат е како конзервативен правник кој е против идејата за политички партии. Тој е пензиониран професор по право, без политичка партија и со малку пари.
ФОТО 1: EPA / MOHAMED MESSARA
ФОТО 2 (Каис Саед): EPA / MOHAMED MESSARA