Водителот на Би-Би-Си, Ендру Мар беше како разочаран наставник кога министерката за внатрешни работи на Велика Британија, Прити Пател, се појави во неговото шоу, пренесува „Метро“.
Мар ја праша Пател за потенцијалните штетни ефекти од тврд Брегзит, кога одеднаш запре и рече „не гледам причина за да се смееш“.
Додека поединци тврдат дека министерката се „смешкала“ додека водителот ги набројувал бизнис организациите кои се загрижени за тоа, други сметаат дека таа „ниту се смешкала, ниту се смеела“.
Пател, која се вклучи од видео линк директно во студиото, не одговори на тоа што тој го кажа за смешкањето.
– Затоа Владата работи на повеќе сектори кога станува збор за планирање на нашиот излез од Европската Унија – рече министерката.
На интернет имаше коментари дека „можеби Ендру Мар треба да се извини“, а други коментираа дека „таа не се смееше, но се смешкаше, што покажува колку арогантен и навредлив нејзиниот карактер е на помислата дека индустрии ќе се затворат и луѓе ќе останат без работа“. Едно лице напиша: „Тоа е израз на личност која се обидува да ја задржи смеата. Што е уште полошо од директно смеење во случајов“.
ФОТО: Би-Би-Си