Државата ќе им помогне на операторите по намалувањето на роамингот

255

Ако телекомуникациските оператори ги намалат профитите кога ќе се намалат цените за роаминг државата е спремна да им помогне. Треба да се искористи моментот и да паднат целите за да не доцниме зад земјите од Западот.

Ова го порача премиерот Зоран Заев на првата од серијата дискусии на Дигиталниот самит за Западен Балкан, кој почна утворово во Скопје.

Тој најави и оти повеќе од 30 потребни документи ќе ни бидат онлајн достапни, како што се изводи од матична книга, имотни листови, одобренија за градба.

Заев рече дека нема да измислуваат топла вода и да бидат инвентивни, туку водата која е веќе измислена на Западот ќе ја донесат овде.

Премиерот најави и дигитално поврзување на институциите.

– Порано, секое министерство или јавно претпријатие си правело своја дигитална агенда, но тие не може да се поврзат меѓу себе. За тие да се поврзат колку што е можно побргу, формиран е ИТ совет кој ги координира сите министерства – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...