Катица Јанева се враќа во Шутка. Нејзините адвокати откриваат дека веројатно утре таа ќе го заврши лекувањето во приватаната болница Жан Митрев. Екс шефицата на СЈО, четири дена е на болничко лекување за кое сама ги плаќа трошоците, пренесува „Сител“.
Бранителите на Јанева велат дека засега немаат побарано од судија на претходна постапка укинување на притворот заради влошената здравствена состојба. Појаснуваат дека првин ќе ја сочекаат одлуката на Апелациониот суд за поблага мерка за што е понудена гаранција од три станови.
Документацијата за влошена здравствена состојба, Боки 13 веќе ја доставил до судија на претходна постапка за укинување на притворот.