ПАР(Л)АМУДЕЊЕ Тито го измислил македонскиот народ. Како не! Никој не мојт да измислит вакви лудаци!

Дневник на непознат партизан, 11 oктомври '41, ова време...Сабајле ги пукнавме првите пушки. Сега сме без муниција. Тито уште ме нема измислено. Дали постојам?!

3975

ДУИ и принципиелност = Рада и права коса.

***

Кога Мијалков бара од членови на ДИК да гласаат како што ѝ одговара на партијата – тоа е корумпираност.
Кога Шеќеринска го прави истото – тоа е принципиелност.
Што значи дека воопшто не се исти. Едниве имаат поголеми познавања од областа на семантиката.

***

Понекогаш ме фаќа паника за мојата и за иднината на моите сограѓани, ама тогаш ќе ми текне дека Алекс Ружин е советник во влада и одма ми се зголемува паниката.

***

Првиот орален секс на овие простори се случил кон крајот на 1945-та, пошо пред то сме немале јазик.

***

Ако не постои македонски јазик, тогаш Бојко потпишал празен лист хартија наместо Договорот за добрососедство.

***

Дневник на непознат партизан, 11 Октомври ’41, ова време…
Сабајле ги пукнавме првите пушки.
Сега сме без муниција.
Тито уште ме нема измислено.
Дали постојам?!

***

Зошто пукнале пушките на 11 октомври 1941?!
За да го означат почетокот на продолжениот викенд.

***

На крај ќе испадне дека на 11 октомври 1941 почнала ловната сезона во Прилеп и во Куманово.

***

Уствари Бугарите биле на студии овде.
Затоа и се задржале 4 години.

***

11 Октомври – денот на востанието против неидентификуван фашистички окупатор.

***

Демек „смарт“ контејнериве, а не знаат да го соберат ѓубрето што им го оставиле пред нив.

***

Смарт контејнери, шкарт функционери.

***

Is it a bird…Is it a plane?
It’s a flying арачиновец.

***

Жителите на Арачиново: „Ни ветија дека 300 пилоти ќе вработат од Арачиново.“
А кај ќе најме 300 авиони, марка Голф?

***

Жителите на Трпејца: Ни ветија дека ќе вработат 300 морнари во новата подморница во Охридско Езеро.

***

Да се толкави фраери Некст Тајм, па во следниот спот нилски коњ да јаваат, рака ќе им пуштам…

***

Јас колку шо водам евиденција, на Некст Тајм уш „Тинке Катинке“ и „Чудна жена беше Вера“ им останаа за преработвење.

***

Јас сум ковач на сопствената среќа.
Ама пошо не знам да ковам, немам ни среќа.

(Фејсбук статуси на Иљче Затаракоски, познат охридски мрчатор)

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...