Во село Маркова Сушица врз Д.С.(61) од Скопје било извршено разбојништво од едно лице, кое со закана му одзело пари. Случајот бил пријавен во СВР Скопје вчера во 20.36 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.