Триесет и едногодишен Американец бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 20.30 часот во Полициска станица Струга бил лишен од слобода
Н.М. од САД. Истиот ден околу 18 часот, Н.М. кој бил со здравствени проблеми, насилно влегол во семејната куќа на улицата Струшки Кепенци и му упатувал закани по животот на неговиот татко М.С.(50) од Струга – велат од МВР.
По целосно докумнетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.