Верстапен кон Леклер: Возиш неодговорно!

373
ФОТО: EPA / Zsolt Czegledi

Макс Верстапен го обвини Шарл Леклер од Ферари за неодговорно возење за време на Големата награда на Јапонија. 22-годишниот Холанѓанец ги обвини стјуардите дека не преземаат понатамошни активности за решавање на несреќата меѓу двајцата.

– Шарл одеднаш се удри во задниот дел од мојот автомобил. Од моја гледна точка, не мислам дека би направил нешто поразлично во тој случај. Стјуардите не планираа ниту да го испитаат случајот, а мојот автомобил беше целосно уништен. Од другата страна, автомобилот имаше само мали дупки. Ми се допаѓаат тешките трки, но ова не беше баш таква. Тоа беше неодговорно возење – рече Верстапен по Гран-при на Јапонија.

Шарл Леклер на крајот беше казнет од стјуардите со 15 секунди на своето време и изгуби едно место во конечниот пласман, откако на крајот заврши седми.

ФОТО: EPA / Zsolt Czegledi

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...