Загина девојка во сообраќајка кај Струмица, возачот тешко повреден

666
Фото: МВР

Во сообраќаjната несреќа што се случи во 04:05 часот на патот Струмица-Радовиш во близина на село Радичево, загина 19-годишната С.Т. од Струмица, а возачот Ф.Д. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Во несреќата учествувале автомобил „Фолксваген шаран” со бугарски национални ознаки, управувано од Ф.Д.(31) од Струмица и товарно моторно возило „ДАФ” со радовишки регистарски ознаки управувано од С.Т. (44) од Радовиш.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...