Тинејџер се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајка во Берово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 22.05 часот било пријавено дека во Берово на крстосницата од улицата Задарска и улицата Партизанска се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф-4“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(35) од село Русиново и мотоцикл „јамаха“ без регистерски ознаки, управуван од У.А.(19) од село Црник. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во болницата во Берово за укажување на лекарска помош – велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Берово.