Италијанскиот национален фудбалски тим на натпреварот од квалификацискиот турнир за ЕУРО 2020 против Грција истрча со зелена униформа. Како што е соопштено од таборот на „азурите“ нивниот дизајн е инспириран од Ренесансата.
До вечерва, Италијанците носеа зелени дресови само еднаш – во натпревар со Аргентина (2:0), што се одржа на Олимпискиот стадион во Рим во декември 1954 година.
Натпреварот со Грците се игра на Олимпискиот стадион.
Традиционално, домашната екипа на Италија играше во сина боја поради што го доби прекарот „скуадра азура“ во превод „сина екипа“.