Македонскиот и европски ракометен првак, Вардар, го доживеа првиот пораз во ракометната Лига на шампиони и во дербито на колото во Скопје загуби од германскиот бундеслигаш Кил (20-31), кој вторпат оваа сезона, вклучувајќи го и мечот на Супер Глоуб, успеа да слави над „црвено-црните“, пренесе порталот Гол.мк.
„Црвено-црните“ првиот погодок го постигнаа дури во 11. минута и тоа од пенал, а вториот гол Вардар го даде во 22-та минута.
На полувреме резултатот беше 16:4 за германскиот тим.
Домаќините во вториот дел ја намалија негативата на минус осум, а на 10 минута пред крајот резултатот на семафорот беше 18:23.
Вардарци по слабото прво полувреме го загубија мечот.
Најефикасни кај Вардар беа Дибиров со пет и Криштопанс со четири гола. Во Кил најдобри беа голманот Ландин со 15 одбрани. Дувњак и Пекелер со по шест погодоци.
И покрај високиот пораз, вардарци беа испратени од публиката со овации.
За Вардар ова беше прв пораз по четири кола во Лигата на шампионите.