Мицкоски во Карпош: Датумот ќе биде исклучително условен, а може и да го нема

Првата промена на власт кога ќе ја формираме владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ јас ви ветувам дека за секоја погрешна, ненародна, анационална политика Зоран Заев, Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски и сите останати кои се во владата ќе одговараат за тоа што го направија, порача Мицкоски.

1992

Поминавме многу градови и ќе продолжиме да ја минуваме нашата Македонија уште неколку пати, затоа што сакаме да поразговараме со граѓаните, со луѓето и одблиску да ја запознаеме и слушнеме нивната мака , чувствуваме дека долго време никој не ги има слушнато и мислам дека тоа е вистинскиот проблем како ние политичарите, но и како граѓаните нас политичарите подобро ќе не запознаат, а на тој начин ќе можеме и едните и другите заедно да растеме во овој процес, и едните и другите да разговараме за вистинските проблеми, не оние измислените и замислените кои што денеска политичките елити, посебно овие кои се на власт сакаат да ни ги претстават, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба со жителите на скопската општина Карпош.  

Поминавме многу градови, многу проблеми запишаа нашите сограѓани, повеќе од 10.000, во моментот ажурирана бројка немаме. Ќе се обидеме сите тие проблеми да ги систематизираме во групи и да понудиме соодветни решенија таму каде што ќе понудиме соодветни решенија, тие ќе се најдат во нашата програма за следните предвремени парламентарни избори, истата ќе биде поделена во два дела, првиот дел ќе биде оној кој ќе биде посветен на вас на граѓаните, а вториот дел ќе биде оној стратешкиот. За прв пат ќе понудиме интерактивна програма за да може секој еден граѓанин на Македонија да го препознае она кое што го мачи и да го прочита решението кое што ќе го понудиме. Ние нема да ги раскрчмуваме ресурсите на граѓаните како што тоа последниве неколку недели го прави  двоецот Заев-Анѓушев, ќе внимаваме и што нудиме и што како одговор на прашањата на нашите сограѓани ќе дадеме, изјави Мицкоски. 

Затоа што ние сме одговорни луѓе, државотворни, чесни и честити, така сме почанале и така ќе продолжиме да функционираме во нашите политички  кариери. Гледате изминуваат денови кога безмилосно се ветуваат работи од типот на тоа последното блескаме преку субвенцијата од илјада евра за инвертор клима па ќе се обидат да ги поткупуваат нашите сограѓани, на тој начин ќе се справувале со загадувањето, а без притоа да дадат одговор што доколку оваа мерка не вроди со плод, што доколку оваа мерка, а јас сигурно знам дека нема да вроди со плод, нема да се намали загадувањето, туку напротив загадувањето ќе биде исто, а тие ќе потрошат десет милини евра, внимавајте десет милиони евра ваши пари, за ништо. 

Но тука тие не сопираат на тој начин тие ќе се обидат да тргуваат со вашиот глас, со гласот на граѓаните во Македонија, без да има никој одговорност, без да има никаква одговорност. 

Затоа јас вчера во еден мој пост на социјалните медиуми ги предупредив дека како ВМРО-ДПМНЕ и како коалиција, се консултираме со правниот тим во рамките на партијата, разговараме да утврдиме одговорност, затоа што некој мора да сноси одговорност еднаш во оваа држава, затоа што ја доведоа државата во подредена положба и некој кривично мора да ги гони заради тоа. Првата промена на власт кога ќе ја формираме владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ јас ви ветувам дека за секоја погрешна, ненародна, анационална политика Зоран Заев, Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски и сите останати кои се во владата ќе одговараат за тоа што го направија. За тоа што ја доведоа Македонија во подредена положба, за тоа што ја направија ранлива, да биде полесен плен на предаторите кои што денеска гледате дека безмилосно не уценуваат, бараат од нас да се откажеме од македонскиот народ, бараат од нас да се откажеме од македонскиот јазик, иако тој јазик уште пред години и години, декади сега е признат за да можеме нели да имаме европска иднина. 

Трета година по ред ни ветуваат европска иднина, а веќе доаѓа тој 17ти октомври, а гледаме дека ниту европска иднина ќе имаме, ниту пак тој долго посакуван датум кој што морам да признам дека и ние како ВМРО-ДПМНЕ, како политичка партија, како коалиција му дадовме напад и шанса.

Сега ни велат покрај сите овие корупциски скандали кои што се во државата, покрај очигледната пљачка и арамилук која што ја предводи двоецот Заев-Анѓушев, вие сте мирни, молчите, не излегувате, не протестирате. Ние велиме  17-ти еве следната недела е да дадеме една последна шанса да може нашата држава да не биде таа која што ќе влезе во политичка криза за да може да добиеме толку посакуван датум за започнување на преговори, безусловен се разбира. Но како одминуваат деновите, драги браќа и сестри, карпошани, скопјани можам да кажам дека не само што ќе нема датум безусловен туку напротив датумот ќе биде исклучително условен доколку постои иако шансите за таков датум се речиси теоретски односно според вестите кои што ги добивам таков датум може и да нема, порача, меѓу другото, Мицкоски во Карпош.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...