Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, од 15. октомври секој вторник од 12 часот, во салата на Советот на општината ќе има Отворен ден за граѓаните.
На Отворениот ден, сите забелешки, идеи и проблеми, кои се во надлежност на општината, жителите на Центар ќе можат да ги споделат со градоначалникот и со општинските служби.
Заинтересираните граѓани ќе можат да го пријават своето учество секој работен ден на телефоните: 02/3203-682 и 02/3203-602, лично – на пријавницата во Општина Центар (барака бр.4) и електронски, на info@centar.gov.mk.