Слушам и читам за некои обиди за изедначување на двата големи тоталитаризми, односно комунизмот и нацизмот.
Настрана што првиот во себе ја има компонентата, инаку премногу важна, на антифашизмот, ќе споменам зошто се неспоиви во мирнодопски услови и колку секоја понатамошна идентификација зависи од самиот човек.
Комунизмот беше тоталитарен во своето наметнување на еднаквоста меѓу сите луѓе и во интернационализмот.
Нацизмот беше тоталитарен во наметнувањето на супериорноста на една нација, на една раса, притоа санкционирајќи ја инфериорноста на сите останати.
Оваа огромна разлика е доволна за да ја затвориме секоја понатамошна дискусија околу поистоветувањето и изедначувањето помеѓу двете идеологии, особено помеѓу луѓето кои ја одбрале едната или другата страна.
Но, боже мој, тоа не е доволно за да ги поништиме болките било кај жртвите на едниот или другиот систем, нивните приватни жртви, патења, особено тоа треба да важи и за оние зла причинети во името на добрата кауза на комунизмот.
Тоа е доказ дека и во име на добри каузи и идеи, човештвото знае да нанесе огромно зло. Истото важи и за Црквата и треба да важи за оние кои веруваат, но ете, дури ниту Инквизицијата не ја споредуваме со нацизмот.
Но, подеднакво треба да е јасно дека насилството направено во името на Злото, во желбата некој физички и психички да се покори, во име на расизмот и омразата, е двојно ужасен.
Насилството нанесено во име на Доброто е пак двојно неоправдливо, затоа што си дозволило една чесна и прекрасна цел да ја претвори во неподносливо живеење, во средство на терор. Уништувањето или разочарувањето на таа чесна цел е всушност најголемата вина на комунизмот.
Но, постои и уште една важна разлика.
Човек кој ќе си дозволи да биде фасциниран од една утопија на еднаквоста и егалитаризмот, во суштина е една дарежлива личност.
Човечко битие кое ќе си дозволи да биде фасцинирано од идеи за геноцид и нечија инфериорност, во суштина е една одвратна и одбивна личност.
(ФБ статус на авторот)