Османи: Кредибилитетот на ЕУ од денес е во рацете на земјите членки

310

Нашите напори овде привршуваат, кредибилитетот на Европската Унија од денес е во рацете на земјите членки, порача вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по завршување на работната посета на Италија, реализирана една недела пред донесување на одлуката на ЕУ за почетокот за преговори со нашата земја.

– Не можеше подобар финиш на турнејата по европските метрополи во пресрет на октомврискиот самит на ЕУ, од денешната посета на Италија. Со новиот министер за европски прашања, Винченцо Амендола, не само што обезбедивме зелено светло за почеток на преговорите, туку и цврсто уверување од Амендола дека Италија ќе ги искористи сите можности за да се обезбеди потребниот консензус за Република Северна Македонија – изјави вицепремиерот Османи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...