Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, и денешниот ден ќе го помине во болница.
Адвокатката Ирена Фрчковска за телевизијата Алсат изјави дека Јанева има здравствени проблеми и аномалии.
Адвокатите велат дека повторно ќе бараат домашен притвор заради влошената здравствена состојба, но откако ќе добијат судски одговор во врска со гаранцијата што Јанева претходно ја обезбедила за ослободување од затворот Шутка.