Италија следната недела ќе ѝ одобри приклучување на земјава во НАТО

166

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамки на работната посета на Италија, денеска се сретна со претседателот на Комитетот за односи со земјите од Западен Балкан во италијанскиот Сенат, Лучијано Далфонсо, од кого доби уверување дека ратификацијата на протоколот за НАТО ќе се најде на следната пленарна седница на Сенатот, која се очекува наредната недела.

– Брзата ратификација на протоколот ќе претставува значаен импулс за севкупните интегративни процеси во земјава, но и дополнителна шанса да ја достигнеме амбицијата за заокружување на овој процес во рамките на Лондонскиот самит на почетокот од декември – истакна Османи, посочувајќи на значењето на овие процеси не само за земјата, туку и за целиот регион.

На средбата како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи од Далфонсо, доби уверување дека протоколот за НАТО ќе се најде на следната пленарна седница на Сенатот, која се очекува следната недела, со што Република Северна Македонија и формално ќе добие зелено светло од Италија за приклучување кон евроатланската алијанса.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...