Премиерот Зоран Заев го честита 11 Октомври, Денот на народното востание.
„Денеска, на 78 годишнината од државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“, стоиме исправено со почит кон борците и борките од НОВ. Пред 78 години тие ја отпочнаа борбата за слобода и ја добија слободата. Нашата генерација, на свој начин ја повтори таа борба, и еве ја повторно слободата – ја живееме, ја уживаме. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание“, се вели во честитката од Заев.