Абиј Ахмед, премиерот на Етиопија, кој стави крај на конфликтот на неговата земја со Еритреја е овогодинешен добитник на Нобеловата награда за мир.
Лидерите на Етиопија и Еритреја минатото лето потпишаа договор за обнова на дипломатските односи и официјално ставија крај на дводецениското непријателство меѓу двете источноафрикански земји.
Абиј Ахмед Али е награден за својата „одлучна и пресудна иницијатива за решавање на пограничниот судир со соседна Еритреја“, се наведува во образложението за наградата од норвешкиот Нобелов комитет за мир.
– Кога во април 2018 година Абиј Ахмед стана премиер, јасно кажа дека сака да ги продолжи мировните преговори со Еритреја. Во тесна соработка со претседателот на Еритреја, Ахмед брзо разработи принципи за мировен договор со кој би се ставил крај на долгорочниот застој меѓу двете земји.