Сопственикот на затворената телевизија, Велија Рамковски, во интервју за порталот Фактор нјавува нова А1. Тој вели дека лично нема пари за тоа, но од сериозни луѓе добил сигнали дека би инвестирале во таков проект.
– Јас не велам дека е сигурно дека А1 ќе се отвори, туку велам дека е можно да се договориме да се изведе телевизијата. Инаку, не се согласувам дека телевизијата е играчка, таа е сериозна работа. Ако некој знае за телевизија, јас знам. Можам да се вложам себеси со своето знаење за да ја изградам А1, но не таква, бидејќи никогаш не може да биде таква, но во секој случај најсилна телевизија, со можностите плус што сега ги даваат социјалните мрежи. Сега има поголеми можности А1 да биде подобра од што беше – вели Рамковски.
Тој додава дека засега директни инвеститори нема, туку има само посредна најава од луѓе што ги смета за сериозни.
– Не би го кажал јас тоа ако не сметам дека се сериозни и заинтересирани. Се обратиле кај луѓето што тоа ми го кажаа, и прашале дали јас сум подготвен да се вложам да работам за да ја кренам А1. Јас реков – да. Значи на посреден начин се обратија кај мене инвеститорите. Инаку, А1 беше профитабилна телевизија, последната година направи годишен промет од 10 милиони евра – вели Ремковски во интервјуот за Фактор.