Била во војска и има свој празник: Седум работи кои можеби не ги знаете за Ријана

1263
ФОТО: Инстаграм

Ријана е ѕвездата на новата насловна на американскиот Вог. Таа за списанието дала интервју во кое зборува за својот моден бренд „Fenty“ и за долгоочекуваниот албум, чиј датум на лансирање сѐ уште е непознат. Во интервјуто се зборува за некои помалку познати факти за Ријана.

Не се јавува на името Ријана

Како и многу други славни, Ријана не настапува со своето вистинско име, барем не со целото. Нејзиното полно име е Роби Ријана Фенти, така што семејството и блиските ја викаат Роби.

– Воопшто не се јавувам на Ријана. Се вртам само кога ќе слушнам Роби – открива пејачката во интервју за „Rolling Stone“.

Името Ријана во превод од арапски значи сладок босилек.

Има улица именувана по неа

Освен што е успешна пејачка и сопственичка на модно царство, Ријана има и сопствена улица. Во нејзиниот роден Барбадос во 2017 година една улица преименувале со нејзиното име. На церемонијата на преименувањето на улицата присуствувала и Ријана, која била пречекана како кралица.

Победила на натпревар за убавина

Кога имала 15 години, Ријана победила на училишен натпревар за убавина.

– Секогаш се исмевав на такви натпревари, но се пријавив поради кладба – открва во интервју за „Daily Mail“ во 2007 година.

Била во војска

Пејачката била кадетка во војска на својот роден Барбадос, каде наредничка и била пејачката Шонтеле. Нејзината фотографија од војска исплива на Твитер.

Има свој празник

На Барбадос во 2008 година го прогласиле 21 февруари за Ден на Ријана.

Има необични ритуали пред настап

– Подготовките за концерт почнуваат нормално. Јадам пастили за глас, се шминкам и половина час пред настапот ги загревам гласните жици со својот вокален тренер преку Скајп. По ова работите почнуваат да стануваат интересни. Мојот асистент, кој воедно е и бармен, ми носи жесток пијалак разблажено со сок од портокал или лимонада за да ме смири. Пијам додека ја гледам предгрупата во својата гардероба, а понекогаш одам и во публика – вели Ријана во 2011 во интервју за списанието „Esqure“.

Има осигуран дел од телото

Во 2007 година компанијата „Gillette“ ги осигурала нозете на Ријана на милион долари.

– Таа година моите нозе се прогласени за најдобри меѓу славните, а освен таа титула, добив и осигурување за нив. Но, јас за себе и натаму сметам дека сум нормална личност. Да станува збор за мој милион долари, најверојатно постојано би носела пантолони – вели Ријана  во интервју за „Guardian“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...