Словенечкиот премиер Шарец во работна посета на државава

76

Премиерот Зоран Заев е домаќин на Марјан Шарец, претседателот на владата на Република Словенија, кој пристигна во работна посета на нашата држава.

По пречекот пред Владата и тет а тет средбата на премиерите Заев и Шарец, делегации на владите на Македонија и Словенија, предводени од премиерите на двете држави, имаат билатерална средба.

– На состаноците е соопштена јасна поддршка од Република Словенија за позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври и почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската унија. Премиерот Заев се заблагодари на словенечкиот премиер Шарец за традиционалната, искрена и посветена поддршка што ја дава Словенија на нашата држава во сите демократските процеси од независноста на нашата држава, како и остварувањето на стратешките цели, како што се евроатлантските интеграции, соопшти владината прес-служба.

На средбата е констатирано дека Словенија е значаен економски партнер на  Северна Македонија и оти во претстојниот период, нашата земја уште поактивно ќе соработува со Словенија, за употреба на позитивните применливи искуства за европскиот напредок на државата.Оценето е и дека билатералните односи меѓу двете држави се интензивирани и дека тој тренд ќе продолжи со придобивки за граѓаните на двете земји.

Според планираното, словенечкиот премиер Шарец ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

Во рамки на работната посета на премиерот Шарец, предвидена е и средба на премиерите Заев и Шарец, со припадници на граничната полиција, вклучително и со контингентот на словенечката полиција на јужната граница со Гевгелија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...