Гвардиола не би го продал Фоден ни за 500 милиони евра

257

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола инсистираше на тоа дека младиот плејмејкер Фил Фоден е клучен дел од неговите идни планови и е единствениот играч на кој не би му дозволил да си замине ниту за 500 милиони евра.

– Не случајно му дадовме на Фил нов договор. Тој е иднината на тимот. Тој е Манчестер Сити. Кога Давид Силва ќе заврши со екипата, тој ќе биде нашиот следен волшебник. Ние нема да привлечеме друг играч за оваа позиција. Тој нема да оди никаде, дури и за понудата од 500 милиони евра. Тој едноставно нема шанса да не пушти, тој останува со нас – изјави Гвардиола за англиски „Гол“.

Тој додаде дека Фоден има сјајна иднина пред него и дека ќе биде меѓу најдобрите играчи во Премиер лигата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...