Хан: Можно е скоро решение за името, важно е да се постигне фер договор

Двете страни многу работат за да се постигне она што е важно - фер договор. Мислам дека е тоа е можно во блиска иднина. Од двете страни има силна посветеност да се постигне тој договор, рече Хан.

239

Сметам дека би можело да се најде многу скоро решение за спорот околу името. Европската комисија сега е многу подготвена и мотивирана да ве поддржи на овој пат, рече еврокомесарот Јоханес Хан утрово на заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев во Скопје, кому му го предаде Извештајот со чиста препорака за почеток на преговори со ЕУ.

– Треба да се зајакне довербата со вашите грчки колеги за преговорите што се водат под покровителство на ОН. Би дакал да им честитам на мининистрите за надворешни работи, ова не е лесно, станува збор за билатерален и долгогодишен спор – рече тој.

На новинарско прашање дали ЕУ има план Б за Македонија ако не се реши спорот околу името, Хан рече:

– Мислам дека ова во секој случај е важно и би рекол предуслов, но тоа претставуваше една пречка во минатото. Уверен сум дека ова е можно, мислам дека е многу поважно да имате добрососедски односи со вашите соседи. Компромисот е неопходен од двете страни. Двете страни многу работат за да се постигне она што е важно – фер договор. Мислам дека е тоа е можно во блиска иднина. Од двете страни има силна посветеност да се постигне тој договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...