Поради технички грешки, се пребројуваат гласови од косовските избори

100
ФОТО: EPA / GEORGI LICOVSKI

Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово одлучи денеска да започне пребројувањето на гласовите во 303, од вкупно 2.547 гласачки места на колку што се гласаше на вонредни парламентарни избори во неделата, поради технички грешки во формуларите за внос на освоените гласови на политичките субјекти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што информира претставникот на Центарот за обработка на резултатите при ЦИК Бурим Ахметај, во тие гласачки места во формуларите за внос на резултатите графата започнувала со бројката 112, наместо со 111, која беше почетната редна бројка на учесниците на изборите.

Претседателката на КИЦ Ваљдете Дака на вчерашната седница, на која беше донесена одлуката за пребројување на гласовите во тие 303 гласачки места, изјави дека станува збор за техничка грешка, а не за манипулација.

Барања за пребројување на гласовите до Изборниот панел за поплаки и претставки поднесоа Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Демократската партија на Косово (ПДК) и колаицијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма) – Алијанса Ново Косово (АКР), која, со 4,96 отсто освоени гласови, не успеа да го премине прагот од 5 отсто за добивање места во косовското Собрание.

Победник на неделните избори е Движењето Самоопределување (ВВ) со 25,49 отсто, втор е ЛДК со 24,82 отсто, а трета ПДК со 21,24 отсто освоени гласови.

ФОТО: EPA / GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...