ЛГБТИ заедницата, поддржувачи и активисти на граѓанското општество денеска во главниот град на Косово ќе ја одржат третата по ред Парада на гордоста, јави дописникот на МИА од Приштина.
Парадата ќе се одржжи на плоштадот „Скендербег“ во центарот на градот, со почеток во 11 часот и 30 минути.
Во понеделникот во Приштина, во присуство на косовскиот претседател Хашим Тачи и американскиот амбасадор во земјата Филип Коснет, беше отворена „Неделата на гордоста“, во чии рамки се организираат активности за подигнување на свеста кај населението за правата на хомосексуалците и другите припадници на ЛГБТИ заедницата.
ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ