Турските ВВС погодија затвор во кој се припадници на ИД

205

Курдски сили, што ја контролираат североисточна Сирија, соопштија дека во турски воздушен напад е погоден затвор во кој беа затворени милитанти на ИД.

„Еден од затворите во кои беа затворени припадници на ИД е погоден за време на воздушните напади од страна на Турција“, твитнаа Сириските демократски сили, без дополнителни детали.

Во исто време, турското Министерство за одбрана соопшти дека армијата погодила вкупно 181 позиции на милитантите во воздушни и ракетни напади од почетокот на операциите во североисточна Сирија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...