На Јасна Мандиќ, потпретседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз“, судот и одредил куќен притвор, изјави вечерва нејзиниот адвокат Душко Јанковиќ.
Обвинителката Вилма Русковска бараше притвор за Мандиќ, а мерка за претпазливост за останатите осомничени.
– Притворот се бараше по сите три основи. Судот објективно заклучи дека се исполнети условите за ефективен притвор и предложи куќен притвор. Ние нема да се жалиме на оваа одлука. Таа се сомничи за измама и перење пари, главно за помагање – изјави адвокат на Мандиќ, Душко Јанковиќ.
Освен Мандиќ, осомничени во случајот се и пратеничката Фросина Ременски, асистентката на Јовановски, Кристина Карајованова, како и Миле Јовановски, татко на првоосомничениот Бојан Јовановски.