Обвинителката Вилма Русковска вечерва пред Кривичниот суд изјави дека е даден налог за претрес кај три лица кои се опфатени по проширувањето на истрагта за „Рекет“ за „Меѓународниот сојуз“.
– Имам издадено наредба на три локации да се изврши претрес кај три лица. За осомничената Јасна Мандиќ побарав судија на претходна постапка да и одреди притвор – изјави Русковска.
Таа рече дека ОЈО поседува доволно докази за сите осомничени.
– Утре за сите осомничени од првата притворена група во „Рекет“ ќе побараме продолжување на мерката притвор – рече Русковска.
За останатите тројца денеска осомничени, ОЈО ќе побара поблаги мерки како одземање пасош, пријавување во суд и ненапуштање на живеалиште.
.