Џон Гудинаф, еден од добитниците на Нобеловата награда за хемија е највозрасниот човек до сега кој ја добил оваа престижна награда. Гудинаф има 97 години. Нобеловата награда за хемија освена на Гудинф е доделена и на Стенли Витингем и Акири Јошино за развој на литиум- јонски батерии.
Литиум- јонските се првите навистина лесни батерии кои го отвориле патот за преносна електроника, како мобилни телефони, пејсмејкери и електрични автомобили.
Во раните седумдесетти, Стенли Вингем ја развил првата функционална литиумска батерија.
Џон Гудинаф го дуплирал потенцијалот на литиумската батерија, создавајќи услови за значително посилна и покорисна батерија.
Акира Јошино успеал да го елиминира чистиот литиум од батеријата, правејќи ја попрактична.