Македонскиот претставник во АБА-2 лигата, МЗТ Скопје запиша победа на гостувањето во Сараево кај Спарс со 65-77 (35-34).
Клучна за победата на аеродромци беше добрата игра во финишот од третата и стартот на последната четвртина, со која македонскиот претставник дојде до највисокото водство од 55-68, кое му ја осигура втората по ред победа во ова натпреварување.
Хиндс реализираше 23 поени за тимот од Аеродром, додека Стојановски помогна со 12.
Следниот меч на „металците“ од регионалното натпреварување е во Скопје против тимот на Рогашка.