Претседателот на САД Доналд Трамп денеска соопшти дека САД не ја поддржуваат воената операција на Турција во Сирија, потенцирајќи дека овој напад е лоша идеја.
– Утрово, Турција, членка на НАТО, ја нападна Сирија. Соединетите Американски Држави не го одобруваат овој напад и ѝ ставија на знаење на Турција дека оваа операција е лоша идеја. Нема американски војници во областа. Од првиот ден кога влегов во политичката арена, јасно ставив до знаење дека не сакам да се борам во оние бескрајни, бесмислени војни – особено оние од кои САД немаат корист, се посочува во пишаната изјавата на Трамп.
– Турција се обврза да ги заштити цивилите, да ги заштити религиозните малцинства, вклучително и христијаните, и да се осигура дека нема да се случи хуманитарна криза – и ние ќе ги држиме за збор. Покрај тоа, Турција сега е одговорна да обезбеди сите борци на ИСИС кои се држат во заробеништво да останат во затвор и е одговорна за тоа ИСИС да не се реструктуира на кој било начин или форма. Очекуваме Турција да ги почитува сите свои обврски, а ние ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата, посочи американскиот претседател во пишаната изјава, јави Си Ен Ен.