Бугарската влада ја усвои одлуката со која ги постави црвените линии за преговорите на Македонија со Европската Унија.
Во документот кој го објави бугарскиот весник „Труд“ меѓудругито од Македонија се бара да се откаже од користењето на терминот „македонски јазик“ или ако тоа е неопходно секогаш да оди со фуснота со неговото значење „согласно уставот на Република Северна Македонија“.
– Во однос на јазикот, да се користи фразата „Официјален јазик на Република Северна Македонија“, а при неопходна потреба од користење на терминот „Македонски јазик“ во документи и позиции на Европската Унија со фуснота секогаш да се појаснува „Согласно уставот на Република Северна Македонија“. Следи дека е јасно дека различната норма прогласена за уставен јазик во Република Северна Македонија е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите дијалекти во некогашната југословенска република по неговото кодифицирање по 1944. Ниту еден документ/изјава во процесот на зачленување во ЕУ не може да се смета како признавање од бугарска страна на постоењето на таканаречениот „македонски јазик“ одвоен од бугарскиот, пишува во документ, кој денеска го усвои бугарската влада.
Меѓу условите кои преку документот ги испорача Бугарија е и конечна промена на учебниците по историја во кои се бара исторките документи да бидат изучувани на бугарски јазик.
Во документот се најавува и дека договорот со Бугарија треба да е издигнат на исто ниво со договорот од Преспа. Во исто време, се бара рехабилитација на сите жртви на комунизмот кои би требало да бидат прикажани како жртви за бугарската кауза, како и објавување на сите соработници на тајните служби кои придонеле за нивно затворање.
Слично како и со договорот од Преспа, се бара и промена на таблите на спомениците на историските личности и тоа веднаш за оние за кои постои договор.
– Отстранување на квалификацијата „Бугарскиот фашистички окупатор“ од спомениците и промена на информативните табли и другите ознаки вклучувајќи ги и оние исторски монументи и споменици на културата за кои до сега е постигнат договор од страна на комисијата, пишува во документот.
Целиот документ, на бугарски јазик, можете да го прочитате ТУКА.