Истражување: Социјалдемократската политичка струја е во криза

95

Социјалдемократската опција во повеќе европски земји е во криза, поради што истражувачот на јавното мислење Манфред Гилнер, од германската агенција „Форса“ прогнозира негативен развој на таа политичка струја во иднина.

На предвремените парламентарни избори во Австрија, Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) оствари најлош резултат во својата историја. Според Гилнер, судбината на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) е катастрофална.

– СПД се наоѓа во процес на распаѓање. Новиот претседател нема ништо да смени, изјави шефот на агенцијата „Форса“ за германскиот весник „Ноје Оснабрикер цајтунг“.

Глинер им забележува на социјалдемократите дека го изгубиле политичкиот центар и дека премногу свртеле „кон лево“.

Шефот на „Форса“, кој веќе 55 години е член на СПД, потсети дека од 1998 година партијата изгубила дури 13 милиони избирачи, а при тоа не напредува во откривањето на причината.

– СПД треба да размисли како дошло до тоа, а не го прави тоа затоашто постојано оди на лево, оценува тој.

Лидерот на социјалдемократската младина на Германија Кевин Кинерт оцени дека за кризата е виновна самата европска социјалдемократија. Тој вели дека социјалдемократијата го напуштила патот по кој претходно се движела, па дури и ги довела во прашање вредностите за кои се залага. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...