Голиот готвач ослабел 12 килограми без строга диета, доволни се само две промени

Тој го заменил месото со јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници) за да го зголеми внесот на масти и протеини.

2242

„Голиот готвач“ Џејми Оливер неодамна успеал да ослабе 12 килограми без драстични диети. Наместо тоа, тој направи две едноставни промени во својата исхрана, пишува британски „Експрес“.

– Изгубив 12 килограми многу брзо, а не се изгладнував – појаснил Оливер.

Тој го заменил месото со јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници) за да го зголеми внесот на масти и протеини.

– Со нив можете исто така да ги храните и децата, а ја намалуваат веројатноста од срцев удар за педесет отсто – објаснил тој во интервјуто.

Оливер е во право. Јаткастите плодови содржат здрави масти, влакна и протеини кои ќе ве заситат, а помагаат да се намали ризикот од срцеви заболувања. Секако, важно е да внимавате на големината на порциите, ако имате за цел да ослабете. Општо, возрасните треба да јадат најмногу грст јаткасти плодови на ден.

„Голиот готвач“ сега и самиот ги охрабрува луѓето да јадат повеќе храна од растително потекло. Објавил нов вегански готвач „Вег“, полн со рецепти без месо во кои ќе уживаат дури и најголемите љубители на месо. Тој исто така ја води кулинарската емисија „Оброци без месо“ (Meat-Free Meals), на тој начин обидувајќи се да ги освести луѓето за тоа колку е здрава исхраната базирана на растенија.

A, другата промена што тој ја направи за да ослабе? Го исфрлил алкохолот.

– Нема да ви кажам да го сторите тоа, но заради обврските јас сега пијам еден пијалок, евентуално за време на викендот – рекол Оливер.

Дури и умереното пиење алкохол може да го зголеми вашиот дневен калориски внес за 400 калории.

Иако овие стратегии работеа добро за готвачот на славните, не значи дека тие ќе работат за вас.

„Луѓето треба да бидат свесни за себе, своите тела и потреби и да се прилагодат на тоа“, заклучи тој.

Иако овие стратегии дејствувале успешно на славниот готвач, не значи дека тие ќе бидат делотворни и за вас.

– Луѓето треба да бидат свесни за себе, за своето тело и потреби и да се адаптираат на тоа – заклучил тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...