Полицијата фати 38 мигранти, влегле ноќе од Грција

81

На регионалниот пат  Гевгелија-Скопје, поицијата вчера во товарно моторно возило марка „Форд Транзит“ во близина на базата на “Актор“ пред тунелите кај Демир Капија открила 38 мигранти (35 од Пакистан и тројца од Индија).

Откако полициските службеници го забележале товарното возило со велешки регистарски таблички во близина на м.в. „Арсови лаки“ и  дале знак за запирање, возачат не запрел, туку продолжил да се движи кон тунелите кај Демир Капија.

Полициската патрола поради сомневање се упатила по товарното возило и по извесно време возилото е пронајдено, оставено и без возач, со мигрантите сместени во товарниот дел од комбето. Со проверки е констатирано дека возилото имало лажни регистарски таблички.

Со мигрантите кои биле на возраст од 17 до 41 година извршен е разговор, при што е констатирано дека тие илегално пешки влегле во Р.Македонија од Р.Грција во текот на претходната ноќ, а со помош на лица, исто така, мигранти. И дека истите  биле  со намера илегално да транзитираат преку Македонија, Србија, до западноевроските земји, а за цена од околу 4.000 евра, поединечно, до крајната дестинација. Набрзо по влезот во земјава во близина на македонско-грчката граница се качиле во товарното возило. За настанот е известен дежурен јавен обвинител од ОЈО на РМ – за гонење на сторители на КД од областа на организираниот криминал и корупција Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот и откривање на инволвираните лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...