Познатата австралиска поп-пејачка Натали Имбрулија, чиј хит „Торн“ ги освои топ-листите низ целиот свет во 90-тите години, стана мајка на 44-годишна возраст.
Пејачката среќната вест ја објавила на својот Инстаграм-профил објавувајќи фотографија на која ја држи минијатурното раче на новородениот син.
„Добредојдовте на свет Макс Валентин Имбрулија. Срцето ми пука“, напишала Натали покрај објавената фотографија на која не го открила лицето на нејзиниот син.
Наталија ја објави бременоста во јули, додавајќи дека се одлучила за вештачко оплодување со донор на сперма.
– Се чувствувам благословено затоа што тоа е можно со помош на медицински потпомогнато оплодување и донори на сперма – рекла тогаш Наталија, но не го открила идентитетот на таткото на детето.
FOTO: Instagram/Printskrin