Дека родителите се подготвени на секаква жртва поради своите деца, сведочи и една приказна од Турција.
Кога малата Гамзе Коркут лани требало да тргне во градинка, од нејзиното село немало пат па поради тоа ниту автобус со кој би се возела до градинката.
Планинското село во кое се наоѓа куќата на девојчето, на југозападот на провинцијата Мугла, било занемарено, а општинската и покраинската управа ги одбиле барањата на семејствата да се изгради нов пат. Порачале дека не можат да направат ништо, бидејќи станува збор за земјен, шумски пат.
Една година подоцна, кога Гамзе запишала во основно училиште, а нејзиниот татко видел дека непостоењето на патот ќе влијае на образованието на неговата ќерка, со трактор почнал да ја вози до најблискиот главен пат каде минувал автобус.
Пет дена неделно се возеле на нарамен пат со трактор, што барало многу време и било многу напорно.
Тогаш Рамазан одлучил да ги земе работите во свои раце. Сам го исчистил, ископал и израмнил патот. Се со свои раце.
Потоа изнајмил багер и четири камиони. Општината му позајмила уште еден камион, а регионалната дирекција за шумарство валјак. И тоа било се.
По шест долги и напорни дена таткото го завршил патот долг четири километри. Гамзе сега имала пат до училиште, а автобусот можел да дојде до прагот на нејзиниот дом, исто како што одел по нејзините врсници.
Меѓутоа, семејството сега се соочило со нови проблеми – долгови. Откако сета заштеда ја потрошиле за обнова на куќата која изгорела во пожар пред три години, требало да платат и околу 6.500 евра за трошоците за изградба на патот.
Сепак, еден ден на нивната врата се појавил локалниот гувернер Чанер Јилдиз, кој имал добри вести. Сиот трошок на Коркут го отплатила провинцијата Мугла.
Извор: Курир.рс
Foto: Youtube/Printscreen