Пејачката Тања Царовска реагира на социјалната мрежа Фејсбук на отворена програма на ТВ 24 во која водителот Огнен Јанески ѝ дава совет на скопјанка, мајка на дете кое починало пред три месеци, поради задоцнета реакција на лекарите.
Растреперената мајка која телефонски разговара со Јанески вели дека ќерка ѝ починала оти немало кој да ја прими на Ургентен центар, а водителот ја советува како да постапи.
„Добро, салам ли е овој што вака ладнокрвно ја советува оваа крахирана жена кај тоа да оди и да пополнува пријави и жалби како да се работи за украден телевизор? Дете и починало зашто немало кој да го прими на ургентен, ехеј! Пред само 3 месеци!!
Зошто на ова инстантно не реагираат новинари и медиуми и веднаш не се трага по одговорните туку на оваа кутра мајка се остава целата обврска да се тркала по институции?? Има ли некој нормален останат бе??“, пишува Царовска на Фејбсук.