Пожари проголтаа 30 куќи во Австралија, 500 пожарникари уште се борат да ги смират

48

Најмалку 30 куќи изгореа во повеќе од 40 пожари кои без контрола горат во источна Австралија, и кои ги гасат околу 500 пожарникари.

Според локалните медиуми, температурите на воздухот денеска се пониски, а на пожарникарите вчера проблем им правел силен ветер.

Најмногу е погодено селото Рапвил со 250 жители, од кои повеќето ноќта ја поминале во локалното училиште. Постои сомневање дека пожарот во селото е намерно подметнат.

Портпаролот на локалната противпожарна служба Мајкл Брет рече дека „во областа е забележана сомнителна активност“.

Досега изгореле 100.000 хектари ниска вегетација, а дожд се очекува во петок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...